„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Средби со светски лидери

Шри Чинмој се сретна со стотици претседатели и национални и локални лидери за дијалог за мир и напредок. Држеше медитации и говореше во бројни парламенти и конгреси вклучувајќи ги тие во САД, Канада, Австралија, Норвешка и Велика Британија.

Шри Чинмој беше поканет од многу лидери и достоинствени личности да ја понуди својата филозофија за постигнување светски мир и беше привилегиран да сподели инспирација со некои од најголемите личности на нашето време, многу од кои што учествуваа во активности како во: „Трка на мирот”, „Единство-срце-солзи и насмевки”, „Шри Чинмој Мир-Цветање” програма и наградата „Подигнување на светот со срцето на единството“. 

Знам дека и Вие копнеете да го олесните непотребното страдање и навистина му имате помогнато на многу многу луѓе.” - принцезата Дијана

 Шри Чинмој компонираше бројни песни во чест на претседателот, вклучувајќи и мелодија за зборовите од заветот на претседателот да и служи на неговата земја, охрабрен од трогателната средба и понуденото огромно охрабрување. Претседателот Хабибе ja зајакна својата посветеност кон неговата нација и неговите луѓе. Следниот ден тој издаде декларација што го потресе светот доделувајќи им на луѓето од Источен Тимор моќ да одлучат за својата сопствена судбина.

„Шри Чинмој… екстремно сум Ви благодарен… Вашите благослови за нашата земја навистина имаа влијание врз мојот живот исто и животот на нашата земја на многу позитивен и навистина неочекуван начин.”

„Следниот ден кога го сретнав претседателот, тој ми кажа колку длабоко беше трогнат од неговата средба со Вас. Потоа рече: „Харјоно, треба да работиме понапорно за сиромашните!” Остатокот е фасцинантна приказна.”

Истиот ден претседателот изјави дека ако луѓето од Источен Тимор ја одбијат нашата понуда за автономија, ние ќе предложиме до нашиот консултативен совет дека ние ќе бидеме волни да учествуваме како пријатели во мир и чест… После Вашата средба со нашиот претседател и овие драматични промени, целиот свет ги смени своите ставови кон нас и сака да ни помогне да ги надминеме нашите многубројни предизвици.”

Секој ден сега нови донатори од различни земји доаѓаат да ни помогнат да ги нахраниме нашите милиони гладни луѓе. Во моето срце и во срцата на моите сонародници има нова надеж.” - проф. д-р Харјоно Сурјоно, државен Министер за координација на социјалната благосостојба и намалување на сиромаштијата на луѓето, Индонезија

„Не можам да замислам повредна задача за еден маж или жена од таа да биде вклучен/a во создавањето на алатите за интернационална соработка и работење за подобрување на нивните браќа и сестри.” - У Тант, трет генерален секретар на Обединетите нации

„Само нацијата што душевно плаче за внатрешен развој и посветено плаче за надворешен раст може да биде предводник на другите нации. Како може една нација да успее? Една нација може да успее доколку ја следи Вистината одвнатре и однадвор. Една нација може да цвета кога го сака светот, не заради тоа што светот ќе и даде за возврат туку поради самата љубов.” - Шри Чинмој

„Претседател Горбачов: Човек во милион, срце во милјарда и душа во трилион.” - Шри Чинмој 

Вашите дела се непроценливи, бидејќи тие не можат да бидат измерени со никакви економски или политички параметри. Тие се благородни и ја негуваат човечката душа.” - претседател Михаил Горбачов (од едно од преку 100-те писма што му ги напиша на Шри Чинмој)

„Мој брат во мир… ние го признаваме огромниот придонес што Вие и Вашето движење за мир го правите за да го промовирате глобалниот мир. Луѓето од нашата земја се и понизни и почестени што ја примија Вашата инспирација и охрабрување од Вас за време на нашата борба за демократија.” - претседателот Нелсон Мандела 

„Било кој што вистински посакува да ги намали страдањата на човештвото зад него го чувствува живото присуство на срцето на Мандела.” - Шри Чинмој

”Извадок од „Тајм” магазин, 29-ти јули 1991 година -  „Духовната помош е полесно да се постигне”

„…Имаше неколку невообичаени реакции на еден несекојдневен приватен состанок што го закажа Михаил Горбачов за време на економскиот самит во Лондон. Советскиот лидер одвои време од важните средби со западните лидери за економска помош за да го поздрави својот пријател Шри Чинмој… Додека францускиот претседател Франсоис Митеранд гледаше од страна, Горбачов прифати книга со пофалби од духовниот лидер, кој е стациониран во Квинс, Њу Јорк. Горбачов кој е познат како дава говори со терминологија за неговата визија за „нова цивилизација” што се потчинува на „нови закони и логика” за прв пат го сретна гуруто минатата година на една државна посета во Канада.“