„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Награди од меѓународни лидери и институции

Шри Чинмој прими бројни награди од меѓународни лидери и институции, вклучувајќи:

„Голем крст на Васко Нунез де Балбоа“, највисоката Панамска почест

„Амбасадор за мир на Пуерто Рико“, доделена од гувернерот Рафаел Колон

„Прв глобален човек на 20-тиот век“, пораки за почит доделени од преку 30 светски лидери

„Сребрен медалјон на Обединетите нации“, доделен од генералниот секретар на Обединетите нации Курт Валдхајм

„Нехру медалјон“, доделен од УНЕСКО

„Срце на напредок на Обединетите нации“, доделена од УНДП (Програма за развој на Обединетите нации)

Награда „Мајка Тереза“, доделена од претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски

„Хуманитарна награда на Џеси Овенс“, доделена од Фондација Џеси Овенс

„Претседателски медалјон на Словачка“, доделен од претседателот Михал Ковач

Награда „Аџија на мир“, доделена од „Меѓународен центар за мир меѓу народите“, Италија

„Принц на кралската палата на Суракарта“, доделена од кралот Пакобуоно XII, Индонезија

„Претседателски медалјон на Индонезија“, доделен од потпретседателот Хамза Хаз

„Про култура хунгарика“, доделена од министерот за култура на Унгарија

„Медал за мир и пријателство меѓу нациите“, доделен од Влада на Виетнам

Австрија: Награда „Срце на Европа“, доделена од водечките членови на Парламент на Австрија

„Орден за заслуги на Република Унгарија“, доделен од претседателот Ференц Мадл

„Сахат Митра на Камбоџа“, највисока национална награда доделена на граѓанин од друга земја

Награда „Пакс Африкана“, Нигерија

„Медал за пријателство“, доделен од претседателот Намбарин Енкбајар, Монголија