„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Мир и единство помеѓу верите

„Духовноста не е само толеранција. Не е дури ни прифаќање. Таа е чувствo на универзално единство. Нашиот духовен живот цврсто и сигурно ја воспоставува основата на единството во разновидноста. Духовноста не е само уважување на другите вери во Бог. Таа е апсолутно признавање и прифаќање на нивната вера во Бог како нивна сопствена.” - Шри Чинмој

Во време кога меѓурелигискиот раздор изгледаше ненадминлив, едноставноста и моќта на пораката на Шри Чинмој за единство помеѓу верите беше од огромна важност. Тргнувајќи од неговата филозофија дека „секоја религија е пат кој води до вечната Вистина и е соодветна манифестација на таа Вистина”, Шри Чинмој го посвети својот живот да изгради мостови меѓу верите. 

Во 1970 година Шри Чинмој прифати понуда од третиот генерален секретар на Обединетите нации, У Тант, да почне да држи два пати неделно неденоминални медитации во тишина за делегатите и персоналот во седиштето во Обединетите нации во Њу Јорк, што верно продолжи да го прави во наредните повеќе од 35 години. 

Во 1972 година на Шри Чинмој му беше врачен „Медалјон на папата” од рацете на папата Павле VI. Беше роденo прекрасно и мошне важно пријателство.

Како заклучок на оваа топла средба, папата изјави: „Ви благодарам, Ви благодарам, Ви благодарам… Вашата порака и мојата порака се исти. Кога двајцата ќе заминеме од овој свет, Вие и јас, ќе се сретнеме заедно.”  На оваа средба визијата и напорите на Шри Чинмој за единство меѓу религиите за прв пат беа силно вреднувани.

После оваа средба со папата Павле VI и други историски пријателства со лидери од сите вери - вклучувајќи го папата Јован Павле II, Мајка Тереза, суфи лидерот Пир Вилајат Кан, архепископот Дезмон Туту, лидери на поголемите будистички и хинду гранки и исламски и еврејски лидери од поголем број нации - Шри Чинмој ја покажа моќта на религиите кои ги споија своите раце и срца во патувањето кон светски мир. 

Шри Чинмој одржа бројни меѓуверски служби за мир и ги донесе заедно во срцето, умот и духот лидерите од сите религии во дух на љубов, соработка, разбирање и единство.

Како истакнати сведоштва за неуморните напори на Шри Чинмој да ги соедини религиите, му беа понудени голем број на важни улоги, вклучувајќи го отворањето на меѓуверската прослава одржана во катедралата „Св. Џон Божествениот” во Њу Јорк, одбележувајќи ја 50-годишнината на Обединетите нации. Шри Чинмој исто така беше избран да ja отвори 100-годишнината на Парламент на светските религии во Чикаго во 1993 година, 10-тиот најголем собир на духовни и религиозни лидери во историјата, како и четвртиот Парламент на светските религии, одржан 11 години подоцна во Барселона. Шри Чинмој исто така држеше голем број на меѓуверски програми и медитации во тишина за националните лидери во нивните парламенти.

„Шри Чинмој, Вашата животна работа на најпосветена служба за меѓуверско разбирање и светско единство е неспоредлива.” - Пречесен Џејмс Паркс Мортон, претседател и организатор на годишната меѓуверска служба, претседател на Меѓуверски центар во Њу Јорк.

„Навистина сум задоволна со целата добра работа што ја правите за светски мир и за луѓето од толку многу земји. Да продолжиме да работиме заедно и да споделуваме заедно, сè за слава на Бог и за доброто на луѓето.” - Мајка Тереза

„Навистина сум трогнат од Вашите зборови. Оваа наша средба беше најсуштинска.” - папата Павле VI

„Благодарен сум за вашата посета… Бог нека Ве благослови и сите ваши контемплативни активности.” - Јован Павле II

„Се родив како хинду, но сега мојата единствена религија е да го сакам Бог и да бидам од служба на Бог. Љубовта на Бог ги прегрнува сите религии: христијанство, хиндуизам, будизам, џејнизам, муслманство и други. Роден сум како хинду, но со тоа што сум вљубеник во Бог ги сакам сите религии и ги присвојувам сите религии како мои сопствени.” - Шри Чинмој

 ШРИ ЧИНМОЈ ПРИМИ БРОЈНИ НАГРАДИ ЗА МЕЃУВЕРСКА СЛУЖБА ВКЛУЧУВАЈЌИ:

„Висва Сама Дута” - награда за амбасадор на универзален мир, доделена од монасите Азгирија од Шри Ланка

„За голема и длабока посветеност на мир и напредок на човештвото… поради Вашата порака за духовен развој и работата што ја правите за да го пропагирате светскиот мир, ние ве сметаме за вистински будист.”

„Златен печат на папата”, доделена од папата Павле VI

„Доктор по филозофија во наука за религија”, доделена од главниот семинар и колеџ „Св. Марк”, Минесота, САД

„Мир-Служба-Дрво награда на Индија”, доделена од меѓународниот универзитет на Флорида, факултет за студии по религии.

„Гласник на милениумот”, доделена од универзитет „Св. Јован”, Њу Јорк, факултет за теологија и религија.

„Почест за Шри Чинмој од проектот за плурализам на универзитетот Харвард”, доделена од универзитетот „Харвард”

„Почест за Шри Чинмој од колеџот „Кингс“, универзитет „Кембриџ““, доделена од колеџот „Кингс”, универзитет „Кембриџ”, деканoт на капелата „Џорџ Патисон“