„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Биографија

Шри Чинмој

„Сите ние сме членови на семејство-светот-единство. Заедно како браќа и сестри чекориме по вечниот пат кон утрешното златно зајдисонце." - Шри Чинмој

Шри Чинмој е ретко отелотворување на древна дисциплина, мудрост и идеали. Човек со неугасива жед за олеснување на страдањето и за потполно исполнување на човечкиот род. Како неуморен иноватор, Шри Чинмој помина 50 години творејќи моќни фонтани на инспирација и охрабрување со неговите животни постигнувања од внатрешната дисциплина и посветеност кон Севишниот.

Лично уверен, охрабрен и мотивиран од некои од најголемите лидери и визионери на 20-тиот век, Шри Чинмој беше во можност да ги канализира возвишените енергии откриени одвнатре во солидни и практични алатки за подобрување на животите на неговите браќа и сестри.

Од неговото возвишено единството со човештвото, Шри Чинмој создаде посебен пат кон лична и заедничка радост и благосостојба што понизно и безусловно ја има понудено на стотици начини преку повеќе од четири децении, на многу разновидни и импресивни полиња.

„Мојата крајна цел е моќта на љубовта да ја замени љубовта за моќ во секоја личност. Дури тогаш светскиот мир ќе биде постигнат, откриен, понуден и манифестиран на земјава.” - Шри Чинмој

БИОГРАФИЈА

Шри Чинмој на 14 години

Шри Чинмој е роден во малeчко село во далечниот источен регион на Индија (денешен Бангладеш) на 27 август 1931 година. Неговото едноставно, идеално воспитување во тој период дојде од неговите сакани родители и неговите три постари браќа и три постари сестри. Неговите рани години се проткаени со љубов и наклонетост, а истовремено и со епизоди на палавост и бестрашни авантури. 

На негова 11 годишна возраст, Шри Чинмој го губи својот татко, за по една година да почине и неговата мајка, што му нанесе неподнослива болка и така без мајка и татко, Шри Чинмој патуваше преку 2 000 км за да стигне на југот од Индија, во ашрамот на Шри Ауробиндо. Ашрамот беше епицентар на духовна и културна ренесанса предводен од Шри Ауробиндо, револуционерот што стана светец, и беше место каде најстариот брат на Шри Чинмој се пресели неколку години порано.Шри Чинмој се подготвува за трка

Во ова опкружување големата празнина во срцето на младото момче беше исполнета и неговото непрестајно тежнение да ги разбере основите на човековото постоење беше исполнето преку возвишените искуства на бесконечното, секогаш променувајќи ги неговите погледи кон светот. 

Ова невообичаено окритие на човековиот бесконечен капацитет и врвната поврзанот со Севишниот, го понесе Шри Чинмој на пат кон блажествено себеоктривање, каде што ќе остане во длабока медитација и контемплација дури и по четиринаесет часови дневно.

Наспроти промовирање на повлекување од светот, ашрамот бараше социјална интеракција и врска со физичкиот свет. Во ашрамот Шри Чинмој се докажува со неколку капацитети, вклучувајќи и атлетика. Како шампион во спринт и десетобој, како и поет и музичар, неговите таленти беа пошироко ценети.

1960-тите беа време на експериментирање и социјални промени. За Шри Чинмој беше време на откривање на потенцијалот на Западот и подлабоко разбирање на врската помеѓу Западот и Истокот. Како и да е, со време му се откри визија за поголема мисија и Шри Чинмој почна да копнее да ја сподели својата реализација и мудрост со оние што страдаат од постојаното бунило во животот. Ова тежнение заедно со длабокото восхитување кон американскиот идеал и ветување, од години поминати проучувајќи ги големите американски гласови како Џеферсон, Емерсон, Тореу и потоа современи повици на служење од лидери како претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1944 година на возраст од 32 години го доведе Шри Чинмој во срцето на Њу Јорк за постепено откритие на неговиот новосоздаден живот на служење на човековиот вид и поглобална улога во воспоставување промени.

Западните трагачи, филозофи и едукатори беа шармирани, зачудени и вплеменети од овој човек, млад во години, но древен во мудрост. Почнаа нестрпливо да го покануваат да говори и да ги презентира неговите погледи и филозофија.

Во 60-тите, раните 70-ти беше формирана основата на патот и мисијата на Шри Чинмој. Со заемно пријателство и менторство со големи личности како што се генералниот секретар на Обединтетите нации и голем миротворец У Тант, папата Павле VI, маестрите Пабло Казалас и Леонард Бернштајн и олимпискот херој Џеси Овенс, животот на служење на Шри Чинмој процвета и се вдоми во срцата на многу.

„На жалост за човештвото е многу редок подарок да биде благословено со таква безусловна личност што го посветила својот живот во служба на светскиот мир… Вашиот труд инспирира духовен развиток, издржливост и благосостојба, особено во поглед на сегашните и невидени неправди кон човековиот вид… Ваш е гласот на разумот што на сите нас ни треба.” - претседател Нелсон Мандела

„Мој пријателу, Вашите огромни и значајни активности им помагаат на луѓето да живеат подобро во мир, пријателство и љубов… На што и да се посветите - уметност, музика, поезија, цртање - се ова е поврзано со мир, мир помеѓу луѓето и мир помеѓу народите.” - претседател Михаил Горбачов

 „Се што Вие правите за светот е за славата на Бог и за доброто на луѓето! Молете се за мене како што јас се молам за Вас и за многуте Ваши проекти за мир во светот. Вашите трудови на љубов се трудови на молитва и Вашите трудови на молитва се трудови на Бог.” - Мајка Тереза

Во време на глобализација каде технологијата и комуникацијата откриваат капацитет да ги стопат границите и да го подобрат меѓукултурното разбирање како никогаш порано, разликите меѓу луѓето и народите се продлабочуваат, понекогаш со насилни последици.

Но сепак низ годините никој не бил посветен на неопходноста за единство и не работел толку систематично за да го оствари тоа како што тоа го правеше Шри Чинмој.

Преку 40 години Шри Чинмој ја ширеше пораката на толеранција, единство и безусловна љубов помеѓу народните лидери и членови на светски организации како Обединетите нации. Тој покажа едноставност во постигнувањето на овие цели преку крајно ефективни програми во спортот, културата и уметноста, кои кога прво беа започнати беа децении пред нивното време. Вистински визионер, Шри Чинмој со децении ја промовираше филозофијата на глобално село - дека сите ние сме едно, поврзани еден со друг, не само политички, финансиски и културно, туку што е уште поважно, во дух.