„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Предизвикување на невозможното

„Предизвикување на невозможното“ е документарен филм од 2011 година што хронолошки ја прикажува одисејата на подигнување тежини на духовниот учител Шри Чинмој, кој во 1985 година, на возраст од 54 години, подигнуваше тежини и изведуваше подвизи на сила со моќта на медитацијата. Неговите подигнувања беа емитувани насекаде низ светот, инспирирајќи ги луѓето да ги надминат своите лични ограничувања и да ги напуштат нивните концепти за ограничувањата на телесната возраст.