„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Трка на мирот

Трка на мирот

Основана од Шри Чинмој во 1987 година, „Трка на мирот“ беше прва активност за спорт и развој и е најдолгата и најголемата штафетна трка за мир во човештвото.

Секоја година „Трка на мирот“ вклучува милиони мажи, жени и деца од преку 80 нации во глобална факел-штафета. Помеѓу учесниците и патроните на оваа трка се вбројуваат папата Јован Павле II, Мајка Тереза, претседателот Михаил Горбачов, претседателот Нелсон Мандела, Карл Луис, Мухамед Али и многу други лидери и славни личности. Историските штафети ги вклучуваат и првите современи иницијативи за поврзување на Израел со Египет и Израел со Сирија.

КОМЕНТАРИ ЗА ТРКАТА НА МИРОТ

Ги поздравувам тркачите на „Трка на мирот“ кои го носат факелот до дестинацијата на мир низ улиците на светот. – папата Јован Павле II

„Среќен сум што можам да ја поддржам Вашата „Трка на мирот“ за правда, мир и помирување. Светот мора да знае дека Бог сака да живееме спогодбено како браќа и сестри, членови на едно семејство, човечкото семејство, Божјото семејство.“  архиепископ Дезмонд Туту

„„Трка на мирот“ ја симболизира надежта за мир во светот која сите ние ја негуваме... ги потсети Канаѓаните на потребата на сите нации да коегзистираат во мир и на важноста на хармонијата во светот за нашата планета.“ – премиерот Брајан Мулрони, Канада

„Вие придонесувате да се изградат мостови помеѓу луѓето и нациите. Вашите придонеси и соработки во постигнувањето на тоа што Повелбата на Обединетите нации го бара од нас да го направиме е најнеопходно и добредојдено во нашите турбулентни времиња на светската состојба на мир.“ – Владимир Петровски, генерален директор на ОН, Женева

„Носачите на факелот се сите тркачи од „Шри Чинмој Маратон Тим“. Преку 30 години Шри Чинмој е амбасадор за мир низ неговата работа како автор, композитор, музичар, сликар и спортист. Тој ја започна глобалната „Трка на мирот“ во 1987 година која се случува на секои 2 години.“ – Би-Би-Си спикер пред кралицата Елизабета да го запали првиот светилник