„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ - БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Шри Чинмој Маратон Тим

ШРИ ЧИНМОЈ МАРАТОН ТИМ

Цврсто верувајќи во неоходноста од физичкото здравје, Шри Чинмој не само што ги помогна првите маратони и ултрамаратони, туку и самиот учествуваше во многу такви настани.

Инспирирани од верувањето на Шри Чинмој во неограничените потенцијали на човекот, стотици и илјадници учесници ги надминале своите граници и го откриле својот потенцијал преку трките на тимот. Инспирирани од посветеноста на Шри Чинмој на долгите трки, во 70-тите години беше основан „Шри Чинмој Маратон Тим“, со цел да се промовира здравјето преку трчање. Оттогаш тимот одржал илјадници трки, од сениорски атлетски натпревари до маратони и повеќедневни трки, вклучувајќи ја и најдолгата трка во светот на 3100 милји.

Во Македонија, „Шри Чинмој Маратон Тим“ постои од 1990-тата година, во рамките на здружението на граѓани „Центар Шри Чинмој“. Од 1997-мата година се формира како посебно спортско здружение - атлетски клуб.

Денес „Шри Чинмој Маратон Тим“ е член на Атлетската Федерација на Македонија и активно учествува со сопствена организација на маратонски и улични трки, како и со ко-организација на заеднички спортски настани.

„Шри Чинмој Маратон Тим“ активно соработува со МОК, Сојуз на спортови на град Скопје и на Македонија, како и со други спортски здруженија.

Од страна на Македонскиот Олимписки Комитет, како израз на признание за неговиот посебен придонес во развојот на спорот, на Шри Чинмој му беше доделена Олимписка награда насловена: „Древен дух на олимпизмот“. Признанието му беше доделено на трката за Мајка Тереза, што се одржа при неговата посета на Македонија на 15-ти и 16-ти октомври 2003-тата година, по покана од трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Посебниот придонес во македонскиот спорт и атлетиката, „Шри Чинмој Маратон Тим“ во Македонија го дава со настапот на свои маратонци на разни трки, кои за прв пат имаат поставено македонски рекорди во повеќе ултрамаратонските трки.

„Физичкото и духовното мора да одат заедно. Тие не може да бидат одвоени.“ – Шри Чинмој