„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Подигнување на светот со срцето на единството

Подигнување на светот со срцето на единствотоПрезентирана на мажи, жени и деца од сите сфери на животот, наградата „Подигнување на светот со срцето на единството“ им оддава почит на луѓето што помогнале да се подигне стандардот на човештвото.

Некои од најзначајните примачи ги вклучуваат: духовни лидери како Мајка Тереза и архиепископ Дезмонд Туту; светски лидери како претседателот Нелсон Мандела и претседателката Мери Робинсон; лидери на Обединетите нации како Хавиер Перез де Куељар; музичари како Стинг, Роберта Флек, Рави Шанкар, Џанос Старкер и Виклеф Џин; атлети како Мухамед Али, Карл Луис, Бил Перл, Френк Зен, Били Џин Кинг и Мартина Навратилова; професори како д-р Џејн Гудал; и хуманитарци како Ричард Гир и Сузан Сарандон.

Шри Чинмој го почестува секој примач на единствен спектакуларен начин – со подигнување над земјата на специјално изработена платформа. Шри Чинмој подигна личности од сите големини, вклучувајќи го светскиот шампион во сумо борење Асашори, како и човек тежок преку 350 кг како начин да му честита што изгубил 50 кг.

Оваа единствена програма порасна во семејство на примачи од преку 100 нации, претставувајќи ги сите вери и потекла, вистинско глобално движење за охрабрување и добра волја.

„Од длабочината на нашите срца Ви благодариме што ја сносивте тежината на Стинг и Труди Стајлер на Вашите огромни рамена и што не подигнавте високо за нашите срца да се отворат за да ја примат универзалната љубов што се излева од Вас.“ – Стинг, легендарен музичар

„Ви благодарам за целата Ваша работа. Ме зајакнува и ме придвижува да знам... дека Вие го правите тоа што го правите. Уште еднаш Ви благодарам за оваа чест - да бидам во друштво на луѓето што ја примија оваа чест е исто така многу инспиративно. Важно е да се сетиме дека не сме сами.“ – Сузан Сарандон, актерка добитничка на Оскар 

„Срце на единство-мир е секогаш над досегот на умот што се сомнева.“ – Шри Чинмој

„Пред да подигнам се молам. Додека подигнувам се молам. И на крајот, откако ќе го завршам подигнувањето, повторно се молам и ја нудам мојата благодарност на Севишниот.“ – Шри Чинмој