„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ: БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Песни на душата

Песни на душата концертиНеограничен само на компонирање, Шри Чинмој е исто така маестро, врховен музичар и композитор, чии дела го држеа во најбудно внимание дури и големиот Леонард Бернштајн. Шри Чинмој има компонирано повеќе од 13 000 песни на неговиот мајчин бенгалски јазик и 7 000 на англиски и други јазици, кои ги изведе на повеќе од 800 концерти. Овие концерти беа одржани во значајни светски места како Ројал Алберт Хол, Линколн Центар и Сиднеј Опера Хаус и сите беа понудени бесплатно.

Музичарот цврсто верува дека музика како неговата, што е посветена на внатрешен мир, не треба и не може да биде понудена за одредена цена. „Мирот е наше родено право.“ - објаснува Шри Чинмој.

„Јас сум Ви многу благодарен за најубавиот момент од мојот живот.“ – Дон Пабло Казалс

„Шри Чинмој е чудесен модел за изобилството во креативниот живот и јас само можам да се надевам дека еден ден ќе можам да учествувам во таа космичка фонтана на спокој и длабока енергија во која тој живее.“ – Маестро Леонард Бернштајн

„Тоа што го прави Шри Чинмој е дадено од Бог! Тој има огромен, фантастичен, креативен порив.“ – Пандит Рави Шанкар

„Преку музиката универзалното чувство на единство може да се постигне додека да трепнеш со окото.“ – Шри Чинмој

„Песни на душата“ е музичко патување што ја зема длабочината, моќта и чистата пространост на музичките композиции на Шри Чинмој и ткае искуство посветено на патувањето на човечката душа.