„КОГА МОЌТА НА ЉУБОВТА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЉУБОВТА ЗА МОЌ, ЧОВЕКОТ ЌЕ ИМА НОВО ИМЕ - БОГ." - ШРИ ЧИНМОЈ

Трка на себенадминување на 2 милји

Седмичната „Трка на себенадминување на 2 милји“ (3,2 км) е посебно искуство и задоволство што секој рекреативец или професионален атлетичар треба да го доживее. Трката ја организира „Шри Чинмој Маратон Тим“ веќе 20 години наназад. Самата специфичност на трката бара спој на брзина и издржливост, особини што се важни не само во спортот, туку и во нашето секојдневие.

  • Трката се одржува секоја сабота, со почеток во 8:00 часот, во градскиот парк во Скопје. Стартот е кај градското собрание. Патеката е кружна, со должина од 1 км.
  • Трката е од отворен карактер и може да учествува секој што сака.
  • Учеството е бесплатно.
Трки